Archive for мај, 2010

мај 30 2010

Вакцинирање против Вморонија

Правењето на вакцината е во тек, а кога ќе биде готова – не се знае. Едно се знае со сигурност, вакцината ќе биде во облик на спреј, поради тоа што треба да се дава „изненада и без согласност“ на ЗАФАТЕНИОТ, зашто, едно е сигурно – тие што треба да се вакцинираат, нема доброволно да се јавуваат. Тие не се свесни за својата ЗАФАТЕНОСТ, дури мислат дека со ДРУГИТЕ нешто не е во ред (дека се предавници, багра, и сл.)

Значи, тимовите кои ќе ја вршат вакцинацијата, ќе бидат составени од ТРИ члена:   психијатар, имунолог и медицинска сестра.

Поради тоа што на ЗАФАТЕНИТЕ од Вморонија не им го пишува тоа на чело, ќе треба психијатарот најпрвин, низ краток разговор, да ги дијагностицира.

Тоа нема да биде тешко, еве на пример, со следниве прашања:

1. Што е Европа?     Одговор:  Курва

2. Што се Грците?   Одговор:  Цигани

3. Што е Амди Бајрам?  Одговор: Коалиционен партнер, ама тоа не е исто.

4. Што се Македонците?  Одговор:  Македонците се и Антички Македонци, и Словени, и СЕ останато што живеело на овие простори. Кој е тој што сака да не дели?

5. На овие простори живееле и живеат и Албанци, и Срби, и Турци. Дали и тие се Македонци?   Одговор: Не, нив треба да ги одделиме.

6. Дали е Охридскиот договор добар за Македонија?   Одговор: НЕ, треба да се поништи.

7. Дали е територијалната поделба на Македонија добра?   Одговор:  НЕ, треба да се поправи, Кичево не го даваме, Струга не ја даваме!

8. Дали тоа значи дека Тетово и Гостивар ги даваме?    Одговор:  нема, збунета фаца.

9. Значи не се слагате со Територијалната поделба, а дали би подржале поделба на Македонија, односно размена на територии, по предлогот на Љубчо Г. ?    Одговор: ДА, затоа што вака веќе не иде, не влечат назад, СЕ нешто бараат, кога ќе се поделиме, многу поубаво ќе ни биде.

10. Кој е крив за сиромаштијата во Македонија?   Одговор: Б.Ц.

11. Кој е крив за тоа што не можеме да влеземе во ЕУ и НАТО?   Одговор: Грција

12. Кој е крив што цел свет е на страната на Грција?  Одговор:  САД и Европа

13. Кој е крив за лошите меѓунационални односи во МК?   Одговор:  ДУИ и ДПА

14. Дали Македонија треба да влезе во ЕУ и НАТО?   Одговор:  ДА, секако.

15. Но, условот е дека треба да си го смениме името?   Одговор: Македонија НЕ треба да влегува во ТАКВИ организации, кои сакаат да не обезличат, да не знаеме кои сме и што сме.

16. Дали Европа, САД, Еврото и НАТО ќе се распаднат скоро?   Одговор: ДА, се повеќе се збори за тоа.

17. Што е разумен компромис?   Одговор: Разумен компромис е разумен компромис.

18. Дали МК треба да пронајде разумен компромис во преговорите со ГР?   Одговор: ДА, треба.

19. Дали прифатиле било каква додавка на името.    Одговор: НЕ, за името не смее да има никаков компромис.

20. Дали МК треба да преговара со ГР за промена на името?   Одговор: НЕ, преговорите треба да се прекинат.

21. Дали ја подржувате политиката на Премиерот да преговара со Грција за името?   Одговор:  ДА, ја подржувам.

22. Како ќе гласате на референдумот најавен од Премиерот?   Одговор: Јас ќе гласам ПРОТИВ.

23. А го знаете ли референдумското прашање?   Одговор: НЕ, ама секако ќе гласам против.

24. Кој е крив што никако не можеме да го решиме спорот со Грција и ќе останеме срна дупка на Балканот?   Одговор: Криви се Грција, ЕУ, САД, Албанците, сите соседни држави, домашните непријатели и предавници, новинарите, а имало и некои блогери …..

И уште последното прашање, кое всушност може и само тоа да се постави, не мора да се поставуваат сите 24.

25. Утре да има избори, за кого би гласале?    Одговор:  За ДПМНЕ.

После овие одговори, психијатарот само треба да каже:  „Зафатен Е!“ и имунологот изненада треба да му ја даде вакцината, со едно ПИПСССС – кое трае 3 секунди,

и зафатениот од Вморонија веќе следниот ден ќе биде потполно излечен.

Така излечените, поради тоа што ќе дојдат НАГЛО во судир со суровата реалност и вистина, за да не се случи да им се поврати „зафатеноста“,

се препорачува да се испраќаат групно, на 10-дневна рехабилитација-прошетка, низ европските земји.

Со биометриски пасоши.

Македонски.

42 responses so far

мај 29 2010

Импотенција 2

ДПМНЕ, очекувано, си доведе „свој“ Европратеник,

и тоа не „сламкар“, туку оригинал германски Бренд,

односно Бернд, европратеникот е  Бернд Поселт.

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=61044

За да докаже дека „и ние имаме свои адути“, и тоа Германи, а не „сламкари“.        :)

И нормално, европратеникот, како и секој паметен човек, им ја открил „топлата вода“ и им рекол:

Вие не треба да го решите прашањето за името вие треба да се справите со тоа како да ја спречите Грција да не ве блокира.“

Добро утро ДПМНЕ, ви се отворија ли очите?

Видете што имам јас напишано пред ПЕТ месеци:

http://vmoronxp.blog.com.mk/node/261203

„Р.Македонија нема проблем со своето име.

Проблем со името „Македонија“ има Грција.

Р.Македонија има проблем со грчкото ВЕТО.

Р.Македонија, заради тоа вето не може да влезе нити во ЕУ, нити во НАТО.

Р.Македонија треба да има државник кој МОЖЕ да го реши тој проблем.“

Многу сакам кога се цитирам себеси. Уште повеќе сакам кога ми се поклопуваат мислењата со Европратеници,

а не со Миленко, и неговите следбеници, „неутрални вморонци“,

кои ги има подоста на блогерајов, а ставовите им се на ниво на Амди Бајрам.

Значи, германскиот Европратеник, пет месеци подоцна од мене,

им го кажа решението на проблемот на ДПМНЕ.

Но, за да се реши проблемот, потребен е државник кој го тоа МОЖЕ,

а не некој ПОЛИТИЧКИ ИМПОТЕНТЕН.

Тоа Германецот им го преќутел.

Од култура.

9 responses so far

мај 29 2010

Груевски вс Груевски

Published by vmoroid7 under општество

Во Март, ми се чини, имаше Анкета во Дневник, во која 58% од граѓаните на Македонија и на Скопје, не го поддржуваат проектот Скопје 2014.

Реакцијата на тогашниот Груевски беше:

„За овие анкети коишто вие ги вадите не можам ништо да коментирам, бидејќи ниту сум ги видел. Од она што ми го прераскажаа деновиве, се работи за некои анонимни анкетарски куќи“, изјави Груевски.

Значи Груевски не ја видел анкетата на Дневник, во која мнозинството граѓани се изјаснија против проектот Скопје 2014. Поддршката тие ја дале на избори, кога гласале за Преродбата.

Во мај, пред три дена, исто во Дневник имаше Анкета во која 51% од граѓаните, а 63% од Македонците се за прекин на преговорите со Грција.

Реакцијата на сегашниот Груевски е:

„Слушнав дека имало некоја анкета која што беше објавена и дека се покажало високо ниво на отпор кај граѓаните и сега таквиот отпор се препишува на владата односно на ВМРО-ДПМНЕ. Јас само кратко би одговорил да не се потценуваат граѓаните, тие не се така поводливи како што сега сака некој да го прикаже“, изјави Никола Груевски.

Или имаме два различни Премиера, или нешто друго, мошне чудно се случува.

8 responses so far

мај 29 2010

Универзални Скептици

Откако разноразните универзални скептици успеаа да убедат пола народ дека ЕУ – не чини,

сега почнаа да излегуваат и текстови дека и САД биле срање.

Соседите знаеме дека не чинат – одамна.

Малцинските народи во МК – исто така.

А и помеѓу Македонците има подоста што не чинат.

Единствени кои чинат во цел свет се ДПМНЕовците,

и тоа НЕ СИТЕ.

Ги поздравувам со една песна од една држава „во која е срање да се живее“

YouTube Preview Image

7 responses so far

мај 28 2010

ГЛУПЕРДА ГЕДЕОН

Published by vmoroid7 under музика, хумор

Ова е една интересна песна на Ѓоле,

за некоја Глуперда, по име – Геда,

или античко име – Гедеон.      :)

Џабе барате некакви сличности, нема, бре!

YouTube Preview Image

3 responses so far

мај 28 2010

Груевски и ЕУ дипломатите

Published by vmoroid7 under општество, хумор

Со оглед на најновите случувања, помеѓу ЕУ дипломатите и Нашиот Премиер Груевски,

предлагам, отсега, протоколот при прием на ЕУ дипломатите, кога ќе дојдат, да биде:

1. Да им се пушта долново Видео, за да им стане јасно со кого имаат работа:

YouTube Preview Image

2. Да им се повтори денешната беседа на Премиерот, за да немаат никакви дилеми:

Мислењето кај граѓаните не е изградено во овие три години и не треба да се потценуваат и да се кажува дека еве сега власта им кажала така и тие така размислуваат. Тоа е потценување на граѓаните.“

И потоа, може да се преговара за влез во ЕУ и НАТО.

Без сомнежи.

4 responses so far

мај 28 2010

Последниот обид на „ЕУ Сламкарот“

Еве, ко што гледам, денеска и известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Зоран Талер,

верувам за последен пат покушава да ги објасни предностите на „топлата вода“, па вели:

- „Европратеникот вели дека се гледа оти заклучокот на јунскиот самит нема да биде добар за Македонија.“

- „Талер порачува дека во Брисел постои презаситеност од проблемот за името.“

- „Се заканува опасност дека Македонија полека ќе се симне од дневниот ред.“

- „Талер го пренесува ставот на европските функционери дека е неодговорно да се одолговлекува одлуката за решение на името, поради стравот од сопствениот рејтинг.“

- „Дека можеби други интереси се побитни и дека можеби ова е само маска, дека ова е само фасада за оние лековерните.“

- „ Во Парламентот е покрената иницијатива за резолуција со која ќе се предвиди сите билатерални спорови да одат на меѓународна арбитража, доколку за нив двете земји не се договорат.“

и, на крајот:

„Нимиц да излезе со 2-3 предлози, за кои смета дека се најдобри во последната деценија. Потоа да се ангажира професионален преговарач, од типот на Холбрук, во смисла на булдожер, кој ќе има мандат во рок од 45 до 60 дена да ја заврши работата, но мора да има мандат од Бан Ки Мун, од Хилари Клинтон, Ештон, Филе, мандат од Меркел и Саркози. Тогаш би сакал да го видат тој што ќе се осмели да го саботира тој мандат“, додаде Талер.“

Значи, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Словенецот Зоран Талер, упорно покушава да објасни нешто,

на оние кои „го сматраат дека е Сламкар, и дека всушност – не постои, или според најновите сознанија – е Македонец“,

покушава да им објасни, нешто сосема спротивно од тоа што ВЕЌЕ ИМ ГО ИМААТ ОБЈАСНЕТО Миленко, Латасовиќ и компанијата,

покушава да им објасни нешто што и „децата Егејци“ го имаат многу лесно сфатено:

„Ако си ги сакате имотите, мора да се пишете Грци и да си го смените името во грчко. Ако не сакате – НЕ МОРАТЕ.“

АНАЛОГНО, за Македонија:

„Ако сакате ЕУ и НАТО, мора да си го смените името во Северна Македонија. Ако не сакате – НЕ МОРАТЕ“.

„Децата Егејци“, го разбраа УЛТИМАТУМОТ, ЗНААТ дека Грција ЕДВАЈ чека да ОДБИЈАТ, и ќе си ги земат имотите.

Според фамозната Анкета, македонските граѓани, очигледно, го немаат разбрано УЛТИМАТУМОТ, поради тоа што Миленко и компанија – не им го објасниле убаво.

Македонските граѓани очекуваат секојдневно ЕУ да се распадне, Грција да пропадне, Еврото да го снема, и слично …..

Јас навистина НЕ ЗНАМ, што повеќе и одговара на Грција?

- Македонија да си го смени името во С.Македонија?

- Груевски да продолжи да преговара со години, и МК да остане надвор од сите интеграции и црна дупка во ЕУ?

- Груевски да ги прекине преговорите и МК да остане надвор од ЕУ и НАТО, со неизвесна иднина?

39 responses so far

Next »